Нашите услуги
ГРУПНИ АКТИВНОСТИ (ДНЕВЕН ЦЕНТАР)
08:00 – 16:00
Активности за деца со посебни потреби
Моторна стимулација и развивање
Когнитивна стимулација и развој
Сензорни активности
Учење на животни вештини
ГРУПНИ АКТИВНОСТИ (ДНЕВЕН ЦЕНТАР)
08:00 – 16:00
Организирани групи со деца и младинци со посебни потреби.
Активности за млади и возрасни лица со посебни потреби:
Социјализација и слободно време/релаксација;
Креативни изработки и музички работилници;
Прошетки во природа;
Животни вештини и поддршка за осамостојување преку работилници за готвење.
ИНДИВИДУАЛНИ ТРЕТМАНИ
17:00 - 20:00
РАН ТРЕТМАН СО СПЕЦИЈАЛЕН ЕДУКАТОР И РЕХАБИЛИТАТОР И ЛОГОПЕД
Рана дијагностика и развојна поддршка
Рана превенција и интервенција
Ран третман, едукација, релаксација и рехабилирација
Говорна терапија
Неурофидбек
Психомоторна реедукација
ДИЈАГНОСТИКА И РАЗВОЈНИ ПРОЦЕНКИ
Преку развојната проценка се овозможува идентификување на развојните постигнувања кај детето во следниве области: моторна, когнитивна, говорна и социо-емоционална област. Оваа проценка служи како индикатор кој укажува на постоење на одредено отстапување во развојните постигнувања кои се очекуваат од детето согласно неговата возраст.
ПРЕВЕНЦИЈА И РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА
Превенцијата се однесува на спречување на почетокот или минимизирање на ризикот од нарушување додека интервенцијата се однесува на контролирање или елиминирање на она што е веќе во тек . Најефективната мерка во лекувањето на секоја сериозна здравствена состојба е превенцијата по пат на едукација. Раната интервенција се дава во центрите за ран детски развој и вклучува специјална едукација, терапија, советодавна работа со семејството и поврзување со другите служби за дијагностика, третман и вклучување во организираните облици на воспитно-образовно згрижување на децата.
РАН ТРЕТМАН, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА СО:
Арт терапија
ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
КРЕАТИВНИ АКТИВНОСТИ
Говорнa терапија
ФЛОРТАЈМ МЕТОД
ПСИХОМОТОРНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Психомоторната реедукација е метод кој се применува кај сите развојни нарушувања. Тоа е начин на стимулирање на развојот на децата користејќи ги движењата. Преку психомоторна реедукација, се применуваат општи вежби за : •Доживување на субјективниот и објективниот простор •Доживување на времето •Дефинирање телесниот интегритет •Независност на движењето •Пасивни движења •Контрола на импулсивноста •Латерализација врз себе и другите •Организација на сознајните функции и др.
НЕУРОФИДБЕК ТРЕТМАН
Неурофидбек претставува терапевтска интервенција која ги учи корисниците на вештини, преку наградување, да произведуваат мозочни бранови потребни во дадениот момент. Промените на ЕЕГ амплитудите или другите карактеристики на мозочната активност се проследени со звучни или светлосни сигнали. Со реакцијата на овој процес, клиентот учи да ја регулира и подобри својата мозочна функција и да ги ублажи симптомите на разни невролошки и ментално здравствени нарушувања. Неурофидбекот има добро документирана научна литература и евидентирано е дека кај следниве состојби и заболувања дава позитивни резултати: •дефицит на вниманието, АДХД •проблеми со учењето •пост-трауматско стресно растројство •анксиозни состојби •аутистичен спектар на нарушувања •зголемување на ефикасноста кај спортисти, танчери, оперски пејачи, менаџери, инструменталисти итн. •проблеми со раното емотивно врзување
Индивидуални Третмани
Помагаме и го потикнуваме развојот на децата според стандарди и проценки во шест домени:
Јазикот и говорот
Доцнењето на говорот и јазикот може да бидат првите знаци за одреден вербален проблем (дисфазија), дислексија, оштетен слух, ментална ретардација, аутизам или други состојби, асоцирани со неможност да се воспостави контакт, моторни нарушувања (диспраксија), депривација, проблеми во комуникацијата во семејството или комплицирани психосоцијални проблеми кај деца со мултикултурно потекло. § Првата година од животот: Слаба вокализација и гугање. Сиромашен контакт со возрасните. Сомневање за оштетен слух. Рефлексите за ориентирање, цицање и голтање се неразвиени; проблеми во исхраната. Краток френулум на јазикот . § Деца на возраст од 1- 2 години Нема зборови, ниту обид за зборување или други начини да се изрази (гестикулации). Сомневање за недоволно разбирање на говорот и непослушност на команди (запомнете дека рекурентен отитис медија е причина за оштетен слух). Недоволна будност. Тешко се воспоставува контакт со детето. Говорот е слаб и недоволно јасен по вториот роденден. § Деца на возраст од 3-4 години Говорот е неисправен или нејасен (фонемите или слоговите ги кажуваат со променето место, а долгите зборови ги скратуваат). Големи граматички грешки. Сиромашен вокабулар и тешкотии во изнаоѓањето на зборови. Слаб говор или воопшто или само неколку реченици. Неадекватни одговори, „сопствен јазик”. § Пелтечењето започнува или продолжува по возраста во која и физиолошки се јавува (околу 3 години). Слаб контакт, детето не застанува да слушне. Тешкотии во следењето на кратките инструкции. § Деца на возраст од 5-6 години Грешки во изговорот (р,с,л,к итн.), треба да се корегираат пред училишна возраст (ннд- C). Нефлуентен говор (пелтечење, нејасен говор) (ннд-C). Јазикот и говорот се слабо развиени во корелација со возраста. Целокупниот говор е нејасен , што може да се должи на проблемите со моторната или фонолошката флуентност или со тешкотии во способноста за разбирање на говорот. § Деца на возраст од 7-15 години Сите горе споменати проблеми. доколку не биле иследени претходно.
Извршна функција
Се фокусира на развој на вештини потребни за учење, како што се само-регулирање, внимание и упорност.
Социјално емоционалнен развој
Ја поддржува способноста на вашето дете да ги изразат и да ги регулираат своите чувства и да се развие правилен и соодветен однос со другите. Набљудувањето на раната интеракција е многу важно: како возрасниот воспоставува контакт со детето; каков е степенот на емоционален развој на детето; каква е психосоцијалната ситуација?
Физичкиот развој
Се потикнува развој на фината и грубата моторика на целото тело. Кај детето да се градат големи и мали мускули вештини, сила, издржливост и знаења потребни за да се живе правилно и соодветно на потребите за самостоен начин на живот.
Когнитивниот развој
Поддржува ментални процеси потребни за да се мисли, да има смисла за се околу себе и воедно за светот, како и разбирање на знаење за различни нешта , примената на различни предмети, вклучувајќи математика, македонски и социјални предмети.
Развој на писменоста
Вклучува способности на децата да ги пренесат своите идеи, мисли и чувства преку зборување и пишување, и нивната способност да ги покажат своите вештини за читање.