За нас
Асоцијација “Ластовица” е невладина организација која ги промовира правата на децата и младите со посебни потреби. Целта на оваа НВО е масивна интеграција на лицата со посебни потреби во сите делови на животот. Овие деца и младинци имаат право на еднакво учество во заедницата, исто како и секој од нас. Тие заслужуваат да имаат отворени врати во секој аспект на живеење: здравството, образованието, културата и јавниот живот. Неминовноста од подигање на јавната свест во нашата земја, ја наметнува потребата од функционирање на нашата асоцијација токму во тој правец . Преку активностите и напорите што оваа НВО прави, децата и младите со посебни потреби треба да го најдат своето место во општество и да се почувствуваат како рамноправни граѓани на нашето општество, поштедени од секаква дискриминација. Од март 2012 година како активност на организацијата отворен е истоимениот центар за едукација, релаксација и рехабилитација, кој вклучува: креативни работилници (етно, уметност, музика), основни познавања на работа со компјутери, и сите потребни индивидуални и групни терапии за деца и младинци со посебни потреби. За непречено функционирање на овој центар потребно е максимална посветеност и многу енергија, што за среќа ги поседуваат сите оние кои се на некаков начин вклучени во работата на овој центар. НВО Ластовица има свои подружници (истурени единици) во источниот, западниот и централниот дел на земјава кои работат и функционираат под исто мото и со исти цели како и централната единица во Скопје.
Асоцијација Ластовица Прилеп
Раководител: Светлана Миоковиќ Томеска
контакт тел: 078612712
Асоцијација Ластовица Гостивар
Раководител: М-р Реџеп Муслиу
контакт тел: 070 507975
Асоцијација Ластовица Виница
Раководител: Димитар Спасов
контакт тел: 076492012
Кариерно – професионален тренинг центар Ластовица- крафтарт Скопје
Раководител: Весна Нолевска
контакт тел: 070392640